Направивме увид на градежните работи во новата населба Хиподром 2 со кои долгогодишниот проблем кои го имаат жителите од овој дел на општината со подземната и патната инфраструктура ќе биде решен.
Полека но сигурно чекориме по патот кој носи подземна и патна инфраструктура за сите жители на Хиподром 2. Градоначалникот Бобан Стефковски даде збор пред граѓаните за решавање на проблемот со подземната и патната инфраструктура и тоа од станува реалност.
Во втората фаза од проектот во подземната и патната инфраструктура инвестираме финансиски средства во висина од 59.000.000 денари средства на Општина Гази Баба
Она што години наназад се ветуваше, преку нашата посветена работа станува реалност.
Извор: Општина Гази Баба