spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад...

Центар: Герасимовски – Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад Соборниот храм

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар, утрово го исчистија сметот од улиците „Франклин Рузвелт“, „Павел Шатев“ (Бихаќка) и зад Соборниот храм кои се под надлежност на Град Скопје.

„Ова утро, го исчистивме сметот од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“ (Бихаќка) кои се под надлежност на Град Скопје. Со камион на Општината се собра целото ѓубре коешто беше оставено да стои. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска викендов да го соберат сметот од улиците на Центар кадешто имаат надлежност, да не се повтори глетката како од минатиот викенд. Мораме да ја одржуваме хигиената во општината на највисоко ниво, здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се најважни. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.

Општина Центар, изминатава недела почна голема акција за чистење на сметот низ улиците во Центар, откако Град Скопје потфрли.

Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Ѓорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно...

0
Во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум...