Во просториите на Општина Гази Баба се одржа работен состанок на претставници од Општина Гази Баба,кои го водат проектот за Откупен Центар во Општина Гази Баба и регионалниот менаџер за земјоделство и безбедност на храна за Европа и централна Азија на Светска банка, г.Холгер Креј и г.Жан Сент Жеор, водач на програма за оддржлив развој за Европа и централна Азија.
Откупниот Центар во Општина Гази Баба е најголемата инвестиција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија во рамки на проектот за модернизација на земјоделството, а се однесува на изградба на логистичко дистрибутивен центар, кој треба да помогне во организираниот откуп на земјодлски производи и подобро пазарно усогласување на понудата и побарувачка на земјоделските производи.
На состанокот се разговараше за сите оперативно технички активности и мерки кои треба да се финализираат за да отпочне со изградба Откупниот Центар. Состанокот заврши со уверување дека Општина Гази Баба, како и досега, согласно предвидената динамика ќе ги заврши сите активности, и ќе помогне Откупниот центар да почне со својата изградба согласно планираната динамика.
Извор: Општина Гази Баба