HomeОпштиниКарпош: Секторот Инспекторат ќе ги отстранува бесправните објекти

Карпош: Секторот Инспекторат ќе ги отстранува бесправните објекти

spot_img
spot_img

Секторот Инспекторат од Општина Карпош  спроведе акција за расчистување на дел од парцелата кај Спортската сала „Борис Трајковски“, поради дивонаселените импровизирани градби, каде што се создаваше голема количина на отпад во околината. Акцијата се одвиваше во присуство на полициски службеници, но при расчистувањето немаше потреба за нивна интервенција. Оттука, импровизираните бесправни градби се целосно отстранети, а градежниот шут и отпадот кој се создаде од нив е целосно собран и транспортиран во ЈП „Депонија Дрисла“.

               

Во оваа пригода, ги ОПОМЕНУВАМЕ и ги алармираме сите граѓани кои имаат инспекциски постапки во Секторот Инспекторат – Градежна инспекција, со постапка за присилно извршување на градби изградени без одобрение за градење, како и градби изведени спротивно на член 73 од Законот за градење, да ги отстранат градбите во најбрз можен рок.

               

Локалната самоуправа го упатува ова известување до јавноста, бидејќи од понеделник 03.02.2025 година, Секторот Инспекторат започнува акција за спроведување на присилно извршување, односно отстранување на бесправни објекти кое ќе трае најмалку две недели. Во рамки на оваа иницијатива ќе бидат опфатени голем број на бесправни градби за кои има целосно завршена инспекциска постапка согласно Законот за градење. Општинските служби напоменуваат дека, доколку граѓаните сами не ги отстранат бесправно изградените градби, трошокот од присилното извршување ќе им биде наплатен со Заклучок за трошоци.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба, но ќе се бориме...

0
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5, говорејќи околу евроинтеграциите и уставните измени, истакна дека тој пат е тежок поради...