HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на улица во Миладиновци

Илинден: Асфалтирање на улица во Миладиновци

spot_img
spot_img

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со реконструкција на улиците во населените места, а во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Во рамки на програмата извршена е целосна реконструкција, санација и асфалтирање на крак 1 од улицата „6“ во Миладиновци, во вкупна должина од околу 220 метри.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оваа улица е од големо значење за жителите во овој дел на Миладиновци. Во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и санација и на други улици со цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и овозможување квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МДТ: Ревизорските наоди откриваат наследени проблеми стари повеќе од една деценија...

0
Министерството за дигитална трансформација ги разгледува со должно внимание сите наоди и препораки на Државниот завод за ревизија, кои ги сметаме за важен инструмент...