HomeОпштиниПетровец: Чистење на дивата депонија

Петровец: Чистење на дивата депонија

spot_img
spot_img

Општина Петровец започна со чистење на дивата депонија која се наоѓа покрај православните гробишта на Петровец. Се предвидува уредување, пошумување и оградување околу гробиштата, со што трајно би ја отстраниле грдата слика од просторот околу гробиштата.

Сакамe да ве замолиме, а воедно и да ве информираме, доколку имате смет и истиот планирате да го одложите, да се јавите во ЈКП Петровец или на телефонскиот број 075-211-824, каде ќе добиете соодветна информација за одложувањето на сметот.

Доколку се затекнат лица кои го одложуваат сметот на недозволени места, против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни поднесоци.

По завршувањето со чистење на гореспоменатата дива депонија, ќе продолжиме со чистење на дивите депонии во населените места Ржаничино, Огњанци, како и на сите други места каде истите ќе бидат лоцирани.

Да ја зачуваме средината во која живееме чиста и здрава, како за нас така и за генерациите кои доаѓаат после нас.

Извор:: Општина Петровец

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте