HomeОпштиниГази Баба: 10 годишнината од загинувањето на хероите во Диво Насеље

Гази Баба: 10 годишнината од загинувањето на хероите во Диво Насеље

spot_img
spot_img

Гази Баба памети! Македонија не заборава!

Со тага во срцето и болка во душата се сеќаваме на 9 и 10 Мај 2015 година, кога јавноста беше сведок на една крвава пресметка во која животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили.

Македонија загуби осум свој синови, луѓе со имиња, семејства и соништа. Тоа беа луѓе кои облекоа униформа не поради должност, туку поради верба дека Македонија колку и да е мала, заслужува мир, безбедност, а пред и над се достоинство!

Нивната жртва не е само симбол на трагедија. Таа е симбол на храброст и љубов кон татковината.

Градоначалникот Бобан Стефковски изрази благодарност до Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, пратеничката Жаклина Пешевска, припадниците на безбедносните сили и големиот број граѓани кои присуствуваа на денешниот настан.

На хероите им должиме вечност!

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Во знак на длабока почит и сеќавање, по повод 10-годишнината од трагичните настани во Диво Насеље, беа пуштени 8 бели балони кон небото – симбол на чест, мир и благодарност. На секој балон е испишано името на еден од нашите херои кои го положија својот живот за татковината.

Овој чин е тивка, но моќна порака дека нивната жртва не е заборавена. Белите балони го прободеа небото како симбол на нивната вечна слобода и нашата трајна должност да се сеќаваме.

Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте