HomeОпштиниИлинден: На прием кај градоначалникот на општината беше секретарот на ДПМ

Илинден: На прием кај градоначалникот на општината беше секретарот на ДПМ

spot_img
spot_img

Во просториите на Општина Илинден на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски беше секретарот на Демократската партија на Македонците во Србија, Александар Божиновски, кој како претставник на локалната самоуправа на Врање, разговараше со градоначалникот Георгиевски за потенцијалната соработка помеѓу општините Илинден и Врање, како и за сите можности и идни проекти во интерес на двете локални самоуправи.

Токму за оваа цел беше потпишан и меморандум за меѓународна соработка кој го воспоставува одржливото и успешно партнерство, уважувајќи ги територијалната, историска, културна и национална блискост на граѓаните на двете подрачја. Со меморандумот се афирмираат потенцијалните и се создаваат нови модели за соработка во земјоделието, културата, образованието, спортот и други клучни гранки.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека градењето добрососедски односи со локалните и меѓународни општини е од особена важност, како за Илинден, така и за регионот. Следствено, дека се надева на успешна и плодна соработка помеѓу Илинден и Врање.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте