HomeОпштиниГази Баба: ЖРК Металург – Автокоманда првак на Македонија во младинска конкуренција

Гази Баба: ЖРК Металург – Автокоманда првак на Македонија во младинска конкуренција

spot_img
spot_img

Денес, организирав прием за ракометарките на Женскиот ракометен клуб Металург – Автокоманда, стручниот штаб и управата, кои станаа шампиони на Македонија во младинска конкуренција.

Младите ракометарки на ЖРК Металург – Автокоманда ја завршија сезоната со исклучителен успех – без ниту еден пораз во текот на целото натпреварување, покажувајќи доминантна игра, спортски дух и огромен потенцијал за иднината на македонскиот ракомет.

Им честитав на шампионките и на тренерскиот тим за овој значаен успех, истакнувајќи дека општина Гази Баба е горда што има вакви талентирани и посветени млади спортистки.

Вашиот успех е инспирација за сите млади во нашата општина. Продолжете со истата страст, дисциплина и љубов кон спортот.

Ви посакувам уште многу трофеи и блескава спортска кариера!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте