HomeОпштиниГази Баба: Увид во градежните активности во Црешево – после 60 години,...

Гази Баба: Увид во градежните активности во Црешево – после 60 години, граѓаните добиваат асфалт!

spot_img
spot_img

Денес градоначалникот Бобан Стефковски направи увид во градежните работи за асфалтирањето на една од заборавените улици во населеното место Црешево. По шест децении чекање, кал и прашина, конечно започнува реализацијата на проект кој значи нов почеток за овие граѓани.

Граѓаните со задоволство ги следеа градежните работи. Младиот Сашо, со кого тој имаше можност да разговара, рече:

„После толку години, конечно некој не’ слуша. Ми се враќа надежта во институциите и во политичарите. Вашето ветување стана реалност.“

Овие зборови се најголемата потврда за тоа дека исполнетото ветување тежи повеќе од илјада зборови. За нас во Општина Гази Баба, ова не е само инфраструктурен проект – ова е симбол на одговорност, посветеност и вистинска грижа за граѓаните.

Квалитетната патна инфраструктура значи повеќе од лесно движење – таа значи поврзување, развој, безбедност и достоинствен живот.

Ветувањата дадени пред граѓаните мора да се исполнуваат, бидејќи токму тоа гради доверба и стабилност.

Продолжуваме со силно темпо – работиме посветено, транспарентно и во интерес на сите наши населени места. Црешево заслужи внимание и конечно го добива.

Заедно градиме поубава и поврзана Гази Баба!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте