Град Скопје врз основа на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина објави јавен повик за субвенционирање на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2025 година
Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на град Скопје со цел чистење на оџаци за 2025 година.
Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистење на оџаци се во нето износ најмногу до 1.500,00 денари по домаќинство. Данокот на личен доход е на товар на Град Скопје.
На Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата на граѓаните за чистење на оџаци може да учествуваат граѓани чие живеалиште е на подрачјето на град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај) кои ги исполнуваат условите од повикот.
Јавниот повик ќе трае од денот на неговото објавување до исцрпување на предвидените средства или до завршување на јавниот повик не подоцна од 31.10.2025 година.
Пристигнатите барања во Архивата на Град Скопје ќе бидат евидентирани со точно време на поднесување (датум, час и минута) и истите ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето и ќе важи правилото „прв дојден прв услужен“. Повеќе детали за начинот на аплицирање на Јавниот повик заинтересираните ќе добијат на интернет страницата на Град Скопје (www.skopje.gov.mk).
Извор: Град Скопје
































