HomeОпштиниИлинден: Континуирано ја подобрува патната инфраструктура

Илинден: Континуирано ја подобрува патната инфраструктура

spot_img
spot_img

Општина Илинден продолжува со активности за унапредување на животниот стандард на граѓаните, преку интензивна градежна офанзива насочена кон подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. Во рамките на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, целосно е асфалтирана улицата „15“ во населбата Илинден. Улицата е со вкупна должина од 270 метри и ширина од 5,5 метри.

На асфалтирањето присуствуваше градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со пратеничката Драгана Бојковска. Градоначалникот Георгиевски истакна дека, покрај асфалтирањето, по целата должина на улицата се изградени тротоар и систем за одведување на атмосферски води, со поставување цевасти пропусти. Исто така, градоначалникот најави дека и во наредниот период ќе продолжат активностите за реконструкција и санација на други улици, со цел унапредување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, а со неговата реализација значително се подобрува локалната патна мрежа.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте