HomeОпштиниБутел: Доделени 250 стипендии на најуспешните спортисти

Бутел: Доделени 250 стипендии на најуспешните спортисти

spot_img
spot_img

Градоначалникот Дарко Костовски додели 250 стипендии на најуспешните спортисти од општина Бутел.

По повод 20 години од формирањето на општина Бутел беа доделени рекорден број на стипендии , во транспарентна постапка, со објавен Јавен повик.

Стипендиите се поделени во 6 категории: 1 категорија – во времетраење од 1 година, во износ од 12.000 ден. месечно; 2 категорија – во времетраење од 1 година, во износ од 8.000 ден. месечно; 3 категорија – во времетраење од 1 година, во износ од 5.000 ден. месечно; 4 категорија – еднократно, во износ од 24.000 ден.; 5 категорија – еднократно, во износ од 10.000 ден.; 6 категорија – еднократно, во износ од 6.000 ден.

Локалната самоуправа инвестира во спортот како никогаш досега и се грижи за развојот на сите спортови.

Општина Бутел е единствената општина што на ваков начин ги поддржува спортистите и доделува 250 спортски стипендии.

Доделувањето на финансиски средства го поттикнува напредокот во спортот и ги мотивира спортистите да постигнуваат врвни резултати.

Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки на сите спортисти и изрази надеж дека некои добитници на стипендиите ќе ги повторат успесите на Дејан Георгиевски, Елиф Елмас и Шабан Трстена.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте