HomeОпштиниГази Баба: Се грижиме за здравјето на нашите граѓани!

Гази Баба: Се грижиме за здравјето на нашите граѓани!

Во Ченто организиравме бесплатни лекарски прегледи за граѓаните, како дел од нашата заложба за унапредување на јавното здравје и заштита во услови на високи температури.

Доктори од Институтот за јавно здравје вршеа прегледи и им даваа совети на граѓаните за тоа како да се заштитат од топлотниот бран и да останат здрави.

Голема благодарност до директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, која ја прифати иницијативата на градоначалникот Бобан Стефковски и помогна во реализацијата на оваа активност.

Благодарност и до Црвениот крст на Гази Баба за нивната поддршка и несебична помош.

Високите температури се опасни за здравјето, особено за постарите, хронично болните и децата.

Со вакви активности покажуваме вистинска грижа и одговорност кон нашите сограѓани.

Продолжуваме со уште повеќе конкретни активности – затоа што здравјето на граѓаните е секогаш на прво место!

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте