HomeОпштиниГази Баба: Повеќе од 2700 пензионери ја добија помошта од општината

Гази Баба: Повеќе од 2700 пензионери ја добија помошта од општината

Вчера 1140 пензионери од Општина Гази Баба добија финансиска помош од 2500 денари на своите сметки. Оваа поддршка е дел од заложбите на општината да им помогне на нашите највозрасни сограѓани – луѓето кои ја градеа Македонија со години.

Комисијата посветено работеше и ги разгледа сите пристигнати барања. Заклучно со денешната исплата, повеќе од 2700 пензионери веќе ја добија оваа помош од општината.

Се грижиме. Не забораваме на луѓето кои ја градеа нашата татковина. Општина Гази Баба е и ќе остане дом за сите граѓани, без исклучок. Ова не е само административна одлука – ова е порака дека сите се важни и дека секој еден човек е вреден за внимание и грижа.

Како Ваш градоначалник, секогаш ќе бидам пријател и сојузник. Ви стојам на располагање, секогаш подготвен да помогнам. Не сум дојден да владеам, туку да работам – со чесност, одговорност и посветеност кон секој од вас. На дело да покажам поинаков пристап кон работата, одговорност кон граѓаните и должност кон општината.

Продолжуваме со работа – со визија, со срце и со дела.

Гази Баба повеќе не запира!

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...