HomeОпштиниГази Баба: Неделен билтен на теренски активности на ЈКП Гази Баба 2007

Гази Баба: Неделен билтен на теренски активности на ЈКП Гази Баба 2007

spot_img
spot_img

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈКП Гази Баба 2007 беа ангажирани на повеќе локации низ Општина Гази Баба, со цел одржување на јавната чистота, хигиена и зеленило.

Чистење диви депонии беше спроведено во:

Инџиково, Кино Маџари, кај Шмеќи, Ченто, Хиподром, Ќерамидница, Трубарево, Железара, спроти Авто Миро и Кванташки пазар.

Апелираме: Ако сакаме здрава животна средина – треба да не правиме депонии, тие не исчезнуваат сами со текот на времето.

Секој отпад оставен надвор од предвидените места е директен напад врз здравјето и достоинството на сите нас!

Косење и одржување на зеленило се реализираше на јавни површини во:

Хиподром 2, Скопско Поле, Трубарево, Хиподром, Колонија, Триангла, Триангла кон МЗТ, Јурумлери, ул. Жан Жорес и Железара.

Апелираме: Да ги почитуваме јавните површини – косените тревници се за сите, а не за уништување. Одржуваното зеленило е огледало на нашата грижа како заедница!

Кастрење и собирање гранки беше извршено во:

Скопско Поле, Трубарево, Железара, Маџари, Кадриово Маало, Инџиково.

Апелираме: Не сечете и не фрлајте растителен отпад на несоодветни места. Екипи постојано работат напорно, но за да остане чиста околината во која живееме, мора да имаме соработка и од граѓаните!

Метење на јавни површини се одвиваше во:

Јурумлери, Автокоманда, Маџари.

Апелираме: Фрлајте отпадоци во корпите и покажете почит кон трудот на работниците во ЈКП Гази Баба!

Следете ја Општина Гази Баба и Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ за редовни информации и фотографии од терен.

Секој ден на терен, за поубава, поздрава и почиста Гази Баба.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте