HomeОпштиниИлинден: Владата финансира пет нови капитални проекти во општината

Илинден: Владата финансира пет нови капитални проекти во општината

Со одлука на Владата на Република Македонија, ќе се реализираат пет нови капитални проекти во општина Илинден. Овие проекти се дел од објавениот втор јавен проект и истите се однесуваат на следните активности:

  • Реконструкција на коловоз на улица „9“ во населба Илинден
  • Изградба на сервисна улица „3“ во Јака
  • Изградба на сервисна улица „11“ во Јака
  • Реконструкција на локалниот пат Мршевци – Дељадровци
  • Доградба на „ООУ Гоце Делчев“ во населба Илинден

Станува збор за капитални проекти кои се дел од програмата за работа на Општина Илинден, а воедно предложени од граѓаните на општината како приоритетни за нивна имплементација, за кои во изминатиот период Општина Илинден изготви целосна техничко – проектна докумантација. Во наредниот период ќе се спроведе постапка за ребаланс на Општинскиот Буџет и ќе спроведат постапките за избор на изведувачи на овие проекти и нивно реализирање на терен.

Реализацијата на овие проекти ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура, уличната мрежа и условите во образованието, со цел унапредување на животниот стандард на жителите на општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте