HomeОпштиниКарпош: Ќе се мери загадувањето на угостителските објекти

Карпош: Ќе се мери загадувањето на угостителските објекти

spot_img
spot_img

Општина Карпош на своја територија започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти. Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина.

Во таа насока, согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани одредени неправилности, стручните служби од општината ќе спроведат соодветна прекршочна инспекциска постапка до стопанските субјекти. Целта на оваа контролна акција е намалување односно спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој директно влијае на квалитетот на живот на карпошани, поточно врз одржување на здравата животна средина.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте