HomeОпштиниГази Баба: Ново Детско катче пред Кино Маџари

Гази Баба: Ново Детско катче пред Кино Маџари

spot_img
spot_img

Пред Кино Маџари изградивме ново, современо детско катче, наменето за безгрижна игра и детска радост. Со внимателно избрани реквизити и соодветно уреден простор, создадовме средина каде децата ќе можат да играат безбедно, а родителите да се чувствуваат спокојно.

НАЈДОБРА ОПРЕМА ЗА НАЈДОБРИТЕ ДЕЦА!

Катчето е опремено со најсовремени реквизити за детска забава – лулашки, тобогани, баланс елементи и креативни едукативни содржини. Поставена е и најновата генерација гумена подлога која обезбедува безбедност при игра, но и отпорност на временски услови и долготрајна употреба.

70 ТОЧКИ ЗА ИГРА – ЕДНА ВИЗИЈА!

Ова е 70-то детско катче кое е изградено или целосно реконструирано во текот на мојот мандат. Тоа не е само бројка, туку доказ за континуитет, планирање и доследна работа во интерес на најмладите жители на нашата општина.

НЕ ГИ ЗАБОРАВАМЕ НАЈМЛАДИТЕ!

Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој. Со секој ваков проект, вложуваме во здраво детство, во социјализација, и во основите на едно подобро утре.

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, СО ИСТА ПОСВЕТЕНОСТ!

Реализираме проекти за сите – и за најмладите и за највозрасните. Ова катче е уште еден симбол на нашата определба да градиме урбана општина, достапна и пријателска за сите генерации.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ!

Нашата работа не застанува тука. Со уште поголема енергија и визија, продолжуваме да инвестираме во урбана опрема, зелени површини, инфраструктура и се што значи поквалитетен живот за сите жители.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте