HomeОпштиниЃорче Петров: Подобрени услови за детска исхрана во градинките во Ѓорче Петров

Ѓорче Петров: Подобрени услови за детска исхрана во градинките во Ѓорче Петров

spot_img
spot_img

Општина Ѓорче Петров информира дека оброците за децата во сите објекти на јавната установа за згрижување деца од сега се подготвуваат во централната кујна при градинката „Росица“ – под строго контролирани услови и во согласност со највисоки хигиенски и нутритивни стандарди.

Со одговорно и домаќинско управување, Општината инвестираше во подобрување на условите за подготовка на оброците преку набавка на:индустриска печка за подготовка на кифлички и останати тестени производи,професионален миксер за месење тесто,мелница за месо, со што се гарантира свежа и безбедна преработка на месни производи.Како што истакна градоначалникот Александар Стојкоски, „Претходно, исхраната беше обезбедувана преку приватни производители, но таквиот модел на набавка се покажа како финансиски неоправдан, а квалитетот не ги задоволуваше критериумите што Општината ги смета за приоритетни кога станува збор за детска исхрана.

Затоа одлучивме да преземеме целосна контрола врз подготовката на оброците – од квалитетот на намирниците, до хигиената на просториите и опремата“.Воведувањето на централната кујна претставува уште еден важен чекор во грижата за најмладите жители на Ѓорче Петров, обезбедувајќи секојдневни оброци подготвени со внимание, проверен квалитет и со почитување на стандардите за здрава и балансирана исхрана.

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте