HomeОпштиниГази Баба: Изграден нов спортски терен во Булачани и отворен традиционалниот турнир...

Гази Баба: Изграден нов спортски терен во Булачани и отворен традиционалниот турнир во мал фудбал!

Вчера вечер го пуштивме во употреба новоизградениот спортски терен за мал фудбал со вештачка трева, лоциран во дворот на ООУ „Наум Охридски“ во Булачани.

Овој терен претставува исполнување на едно долгогодишно барање на жителите од Булачани, кои со децении посакуваа ваков простор за спорт и рекреација.

Дополнително, го отворивме и традиционалниот турнир во мал фудбал, кој се одржува секоја година и е посветен на Божидар Стојановски – Брич, со што му оддаваме почит на неговото значење за локалната заедница.

Континуирано инвестираме во сите населени места на територијата на општината, поттикнати од реалните потреби на граѓаните.

Ги слушаме вашите барања и ги претвораме во конкретни проекти.

Во изминатите четири години, спортот конечно го доби заслуженото место во нашата општина, а реализираните проекти во оваа област најдобро сведочат за нашата посветеност.

Продолжуваме заедно со својот народ!

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте