HomeОпштиниКарпош: ОДРЖАНА 19-ТА МЕЃУНАРОДНА ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“

Карпош: ОДРЖАНА 19-ТА МЕЃУНАРОДНА ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“

Во галеријата на Детскиот ликовен центар кој се наоѓа во просториите на Кинотеката на Македонија, заврши дводневната Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, која се реализираше по 19-ти пат. Во рамки на оваа манифестација која традиционално се одржува со поддршка на Општина Карпош, учествуваа 24 основци и осум ментори од Карпош по ликовно образование, од кои двајца ученици и еден ментор од збратимената општина Тиват.

Младите уметници ги создаваа своите ликовни творби во дворот на туристичкиот комплекс – Македонско село, од каде ја црпеа мотивацијата за своите дела. Инаку, творбите беа работени на слободна тема во акрилна, гваш и темперна  техника на платно. По тој повод во просториите на Кинотеката на Македонија беа доделени дипломи на учесниците на ликовната колонија. Во таа насока претседателот на Детскиот ликовен центар, д-р Стојче Тоциновски и додели благодарница на Општина Карпош, за традиционалната поддршка на оваа манифестација.     

Извор: Општина Карпош

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...