Градоначалникот Дарко Костовски присуствуваше на првиот тренинг за оваа сезона на КК “Бутел”.
Од маалска приказна до најквалитетната македонска кошарка, клубот е основан пред три години, сега веќе е респектабилен тим кој ќе цели највисоко.

Општина Бутел останува генерален спонзор на оваа успешна приказна.

Градоначалникот изрази благодарност на Тино, предводникот на оваа убава спорска приказна – таков ентузијазам во домашниот спорт се гледа ретко. Исто така, изрази благодарност и до членовите на тимот што играат со посебен сјај за Бутел.

Извор: Општина Бутел
































