HomeОпштиниОхрид: АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА...

Охрид: АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИТЕ

Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.

На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за заштита и спасување и  управување со кризи,  Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните заедници.

Присутните разговараа за значењето на редовното чистење на оџаците како законска обврска, но и како клучна мерка за заштита на животната средина преку спречување на дополнително загадување на воздухот. Беше истакната и важноста на оваа активност како превентивна мерка за заштита од пожари, особено во зимскиот период кога ризикот од настанување на пожари поради неисчистени оџаци е значително зголемен.

Општина Охрид ги повикува сите граѓани и управувачи на станбени објекти да постапат согласно законските обврски и навремено да преземат мерки за чистење на оџаците, со цел зголемување на безбедноста и заштита на животната средина.

Извор: Општина Охрид

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...