HomeОпштиниГази Баба: КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. ПАЛМИРО ТОЉАТИ ВО ЧЕНТО!

Гази Баба: КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. ПАЛМИРО ТОЉАТИ ВО ЧЕНТО!

spot_img
spot_img

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Потпретседателот на Владата и Министер за транспорт и врски, Александар Николоски, беа во Ченто, каде што е во тек реконструкција на улицата Палмиро Тољати со вкупна должина од 2.48 км.

Вредноста на проектот е 37.743.190 денари, средства обезбедени од вториот јавен повик на Владата на Република Македонија.

Ова е само дел од големиот бран инфраструктурни инвестиции што ги реализираме во Општина Гази Баба со поддршка од Владата.

Паралелно се работи на:

Ул. Париска Комуна – Хиподром

ул. Ордан Поп Јорданов – Маџари

За неколку денови започнуваме и на:

Ул. Жан Жорес – Маџари

Ул. Петре Филиповски Гарката – Триангла

Ул. 519 – Керамидница

Ул. 22 – Сингелиќ

Патот кон гробиштата Камник и уште неколку нови локации во наредниот период.

Покрај улици, градиме и нови детски градинки во Трубарево и Инџиково, а наскоро почнуваме и со третата во Маџари.

Интензивно ја градиме новата училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто,

Вршиме комплетна реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто и градиме спортска сала во Црешево.

Развојот на Гази Баба не запира!

Извор : Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте