HomeОпштиниДелчево: Интензивно се работи на регулацијата на реката Брегалница

Делчево: Интензивно се работи на регулацијата на реката Брегалница

Општина Делчево со забрзано темпо ги изведува градежните активности на проектот за регулација на речниот тек на реката Брегалница на потегот од градската црква до градскиот базен.

Се работи на чистење, продлабочување и зацврстување на коритото, како и на поставување на потпорни ѕидови и уредување на кејот, со што ќе се подобри заштитата на овој дел од градот од можни поплави и ќе се создаде уреден и безбеден простор за движење и рекреација на граѓаните.

Овој потег е дел од вкупниот проект за регулација на реката Брегалница низ централното градско подрачје, со кој Делчево ќе добие современ, урбан и уреден изглед на речниот кеј.

Со овој проект, Општина Делчево продолжува да инвестира во капитални зафати кои го менуваат ликот на градот и го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Проектот се реализира преку проектот за прекугранична соработка „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“ BGMK0200012 (CrossTourAct) кој се реализира во рамките на Програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“, имплементиран од Општина Делчево и Регионален центар за застапување од Македонска страна и Општина Благоевград и Алфатур од Бугарска страна.

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...