HomeОпштиниГази Баба: Нова амбуланта во Автокоманда станува реалност!

Гази Баба: Нова амбуланта во Автокоманда станува реалност!

spot_img
spot_img

Започнуваме постапка за реализација на едно од клучните барања на жителите од Автокоманда – нова, модерна и функционална амбуланта!

Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Министерот за здравство Азир Алиу, потпишаа договор за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Министерството за здравство, со кој јасно се дефинираат обврските на двете институции.

Со овој договор го трасираме патот кон нова амбуланта во Автокоманда, со што старите бараки ќе заминат во историјата.

Во првата половина од следната година очекуваме да започнеме со градежните активности на терен.

Со ова значително ќе се подобрат условите за здравствена заштита, граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги, а медицинскиот персонал ќе работи во помодерна и побезбедна средина. 

Работиме за граѓаните – одговорно, чесно и посветено!

Ветувањата се реализираат.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте