HomeОпштиниКарпош: Групна изложба на Ликовните уметници

Карпош: Групна изложба на Ликовните уметници

  Под мотото „Кога би насликал зборови“, дванаесет академски уметници од Карпош вчеравечер ги изложија своите ликовни творби во Галеријата на Детскиот ликовен центар, во рамки на Кинотеката на Македонија. На синоќешното отворање беа изложени делата  преку кои авторите истражуваат како зборот може да се преточи во боја, форма и композиција. Изложбата која е под покровителство на Општина Карпош ја отвори Н.Е. Амбасадорот Јордан Плевнеш. Уметничките дела претставуваат спој на различни стилови, поетики и визуелни изрази, каде што секое дело е личен одговор на прашањето – што би се случило доколку зборовите добијат свој ликовен идентитет? Афирмираните ликовни уметници ги изработија своите дела во техниките масло на платно, акрил на платно, комбинирана техника, скулптури – обоено дрво во акрил, обоено дрво во комбиниранатехника и тродимензионална керамика.

               

Настанот има за цел да ја афирмира уметничката сцена на општина Карпош и да ја истакне креативната енергија која постои во оваа средина. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во визуелната поезија создадена од овие талентирани автори, во рамки на изложбата која ќе биде отворена за очите на јавноста до 10 ноември.

Извор: Општина Карпош

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...