spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: JABEН ПОВИК За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот...

Пехчево: JABEН ПОВИК За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот “Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови

JABEН ПОВИК

За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот “Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево“ Се повикуваат сите заитересирани граѓани кои имаат потреба од услугата нега и грижа во домот, и ги исполнуваат следните категории:

-стари, осамени и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица кои боледуваат од алцхајмер, мултиплекс склероза кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, Проект ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево” како “крајни корисници” односно да бидат корисници на услуга – организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.

Работните активности кои се предвидени со проектот ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево “ предвидуваат социјална заштита и вклученост на стари/изнемоштени лица односно лицат ако и се во ризик, стари и самилица, лица со тешка здравствена состојба за кои нема кој да се грижи, да ги посетуваат патролни работници кои ќе бидат постојано во контакт за секојдневно следење на нивната здравствена и социјална состојба и поддршка на нивните секојдневни активности.

Истите предвидуваат но не ограничуваат:

  • Услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и др.)
  • Консултации со матичен доктор и набавка на лековина дневна основа
  • Помош при движење и заеднички прошетки
  • Набавка на продукти за исхрана и други потреби во домаќинството
  • Приготвување на топол оброк/напиток
  • Поддршка во одржување на хигиената во домот на крајниот корисник
  • Вршење на поситни работи во домаќинството (миење садови, внесување дрва за огрев и сл.)
  • Плаќање на сметки
  • Достава на храна

Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријава за учество во проектот ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево” можат да поднесат во Општина Пехчево, кај лицето Никола Каракашов, најдоцна до 28.11.2025 година.

Изборот на пријавените кандидати — крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, ЈУ Меѓуопштински центар за социјал ни работи — Берово, АВРСМ ЦВ Берово и Општинската Комисија за следење на проектот. Проектот ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево” ќе се имплементира на територија во општина Пехчево за грижа и нега односно лицата кои се во ризик во времетраење од 18 месеци.

Детални информации за Јавниот повик можат да се добијат во Општина Пехчево кај лицето Никола Каракашов, на тел.033441321 и на интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk.

Извор: Општина Пехчево

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте