На форумот присуствуваа голем број граѓани на Гази Баба, претседатели на Месните и Урбаните заедници, членови на Советот, како и претставници од невладиниот сектор. Секој граѓанин имаше можност да каже што му е потребно, што треба да се подобри и каде треба да се насочат буџетските средства. Слушнавме конкретни предлози, искрени иницијативи и вистински потреби. Ова е доказ дека народот најдобро знае што му треба.

Граѓанинот е нашата најточна навигација. Ние постоиме за да му служиме на народот — не обратно. Затоа заедно го креираме буџетот, заедно одлучуваме и заедно ја градиме иднината на Гази Баба. Кога народот зборува — ние слушаме. Кога народот предлага — ние делуваме. Кога народот одлучува — општината напредува. Заедно ја градиме Гази Баба — општина по мерка на граѓаните!
Извор: Општина Гази Баба
































