HomeОпштиниКуманово: Регионален форум за локално управување

Куманово: Регионален форум за локално управување

spot_img
spot_img

Раководител на одделение за финансиска ревизија и ревизија на успешност на работењето,Билјана Николовска, на покана од Националниот демократски институт, учествуваше на регионален форум за локално управување во Сараево. На форумот, беа споделени искуства и практични пристапи за подобрување на демократското управување и комуникацијата меѓу локалните власти и граѓаните, со презентирање на добрите пракси на инклузивните пристапи што ја зголемуваат транспарентноста, отчетноста и довербата во локалните институции. Сесиите на форумот се однесуваа на: • Инклузивно и партиципативно локално креирање политики; • Зајакнување на комуникациските канали со граѓаните; • Практични алатки за транспарентно и отчетно управување; и • Дигитални иновации и механизми за повратни информации од граѓаните.Посебен фокус на Форумот беа добрите практики и иновативни механизми што го поддржуваат учеството на жените и младите во донесувањето одлуки, информирањето на заедницата и давање на јавни услуги.

Извор: Општина Куманово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте