HomeОпштиниБитола: Фотоволтаици за уште три училишта во Општина Битола

Битола: Фотоволтаици за уште три училишта во Општина Битола

spot_img
spot_img

Општина Битола активно се престројува во процесот на праведната енергетска транзиција, односно искористување на природните извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола пред советниците ќе се најде и анексот на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој на Општината ќе и бидат донирани фотоволтаици за уште две основни училишта. Станува збор за основните училишта „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Овој анекс претставува дополнување на постоечкиот договор со кој минатата година беа поставени фотоволтаци на шест основни училишта во градот.

Заложбата на Општината за искористување на обновливите извори на енергија е дел од овој анекс со кој Општината ќе постави фотоволтации од сопствени средства на една од зградите на ОУ „Гоце Делчев“.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте