HomeОпштиниИлинден: Започна зимската идила „Патека на радоста“

Илинден: Започна зимската идила „Патека на радоста“

Во рамки на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, официјално започна новогодишната програма на „Патека на радоста“, реализирана под покровителство на Општина Илинден и во организација на неколку општествено одговорни компании.

Првиот ден на посетителите им понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации. Најмалите имаа можност да се запознаат и да се дружат со Маша и Медо, да уживаат во танцови изведби и да следат извонредно магионичарско шоу. Празничната атмосфера дополнително ја збогати настапот на познатиот македонски изведувач Тони Зен.

Настанот беше исклучително посетен, а прекрасната новогодишна декорација и внимателно осмислената програма придонесоа за вистинска празнична атмосфера исполнета со радост, дружење и позитивна енергија.

„Патека на радоста“ продолжува и во остатокот од викендот, на 27 и 28 декември (сабота и недела), со нови активности и изненадувања. Општина Илинден останува посветена на поддршка и реализација на вакви настани што го негуваат празничниот дух и ги сплотуваат граѓаните.

ПОГЛЕДНЕТЕ👀👈

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...