HomeОпштиниДелчево: Делчево подготвено за врнежите од снег

Делчево: Делчево подготвено за врнежите од снег

Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината се подготвени за првите снежни врнежи.

Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево ќе го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка и потпишаниот Договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач кој ќе постапува согласно со потребите на Општината и Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 г. За зимско одржување на локалните улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 354.000 ден. вредност со пресметан ДДВ.

            Согласно со Планот и предвидената приоритетна листа на зимско одржување патишта и улици, се опфатени патишта со асфалтен коловоз од 88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снегот да достигне 10  сантиметри  за сообраќајниците од прв и втор приоритет и 15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно внимание на: острите кривини, стрмните косини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.

Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатието е подготвено,  а по потреба сукцесивно ќе се набавуваат дополнителните количини на ризла и сол.

Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

Извор:Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте