HomeОпштиниКарпош: Улиците безбедни за сообраќај

Карпош: Улиците безбедни за сообраќај

Лошите временски услови кои вчеравечер доведоа до замрзнување на коловозот, беа причина граѓаните да се обратат до полициските службеници од Карпош. Во таа насока, припадниците на полицијата во координирана акција со вработените од Одделението за заштита и спасување и Одделението за комунална инфраструктура при Општина Карпош, како и зимските служби кои ги ангажираше локалната самоуправа, веднаш излегоа на терен и интервенираа на соодветен начин.

Во случајов, административците од Одделението за заштита и спасување од Општина Карпош направија проценка на ситуацијата и ги насочија зимските служби, кои со својата механизација пристапија кон фрлање на индустриска сол на критичните точки. Во заедничката акција која траеше по полноќ до раните утрински часови, зимските служби фрлаа сол на коловозот на потегот од Средно Водно, Горно и Долно Нерези и патот до комплексот Македонско село. Заради поголема безбедност на граѓаните, зимските служби во два наврати фрлија сол на патот кон Горно Нерези, кон селото Крушопек, како и на коловозот кон повисоките места низ населбите Жданец, Трнодол, Бардовци и долж улицата Ловќенска во населбата Козле.

Извор: Општина Карпош

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...