HomeОпштиниИлинден: Се зголемува финансиската поддршка за новороденчиња

Илинден: Се зголемува финансиската поддршка за новороденчиња

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.

Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години околу 470 граѓани го остварија своето право на еднократна парична помош.

Со цел дополнително унапредување на оваа мерка, Општина Илинден оваа година донесе одлука за зголемување на износот на субвенцијата. Првото решение за исплата е веќе потпишано, а износот на финансиската помош за сите новородени бебиња од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 6.000 денари.

Со зголемување на износот на оваа субвенција, за која се обезбедуваат финансиски средства од Буџетот на Општина Илинден, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на младите семејства и создавањето поповолни услови за живот.

Потребната документација за остварување на правото на еднократна парична помош, како и Барањето за доделување на финансиска поддршка за семејства со новороденче се достапни на официјалната веб-страница на Општина Илинден, како и во Архивата на Општината.

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...