HomeОпштиниБитола: Околу 4,7 милиони евра инвестиции во училишната спортска инфраструктура во Општина...

Битола: Околу 4,7 милиони евра инвестиции во училишната спортска инфраструктура во Општина Битола

Годинава големи инвестиции во спортската училишна инфаструктура и со тоа Општина Битола ја потврдува својата цврста определба и заложба за подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности, негувајќи ја максимата „во здраво тело-здрав дух“.

Во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со што Општина Битола продолжува со визијата за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите:

-Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица.

Изградба на три типски училишни спортски сали во:

– ОУ „Стив Наумов“,

– подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и

– централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата:

– „Гоце Делчев“,

– „Даме Груев“,

– „Коле Канински“ – населба „Буковски ливади“,

– подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“,

– во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“,

– во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Предвидена е и реконструкција на спортските игралишта во основните училишта:

– „Климент Охридски“,

– „Трифун Пановски“,

-„Ѓорги Сугарев“ и

– во населбата „Стрелиште“.

Овие проекти се реализираат со средства од Владата во вкупна вредност од 227.828.903,00 денари, а Општина Битола од основниот буџет обезбедува 61.599,996,00 денари.

Извор: Општина Битола

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...