HomeОпштиниДелчево: Се подготвува отворањето на Младинскиот центар во Делчево

Делчево: Се подготвува отворањето на Младинскиот центар во Делчево

Младите од Делчево наскоро ќе го добијат својот Младински центар кој претставува сервис за млади со мисија да ги обедини, да ги мотивира, но и да им даде можност на младите во Делчево. Во моментов се подготвува и се уредува просторот во зградата на старото собрание кој на предлог на градоначалникот Гоцевски и по донесената Одлука на Советот на Општина Делчево, беше даден на користење за потребите на Младинскиот центар.

Вчера увид во подготовката на Младинскиот центар направи градоначалникот Иван Гоцевски кој изрази задоволство од експедитивноста на службите за опремување и уредување на Центарот.

-Ме радува фактот што докажуваме дека од зборови преминуваме на дела. Конкретно, за Младинскиот центар за краток период го решивме просторното прашање и еве, сведоци сме дека при крај е опремувањето на Центарот кој ќе ја поттикнува младинската енергија, идеите и креативноста на младите во Делчево и ќе создава одговорни млади и активни во носењето одлуки. Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка за младите, за нивните идеи и иницијативи, нагласи Гоцевски.

Младинскиот центар ќе биде простор кој се создава за младите да се поврзуваат и да ги претвораат своите идеи во реални промени. Центарот ќе работи како отворен инклузивен простор и ќе биде достапен за сите млади со цел да се поттикне нивната активност, вмрежување и учество во општествениот живот. Воедно, овде младите ќе можат да добиваат информации и поддршка, да учествуваат во едукативни, културни и креативни активности, работилници, обуки, младински иницијативи, како и да ги развиваат своите идеи и вештини.

Инаку, согласно со одредбите од Законот за младинско учество и по објавениот Јавен повик, Организација ЖЕНА Делчево е избрана да раководи со Младинскиот центар Делчево, а обврската на Општина Делчево е да обезбеди средства од Буџетот на Општината за функционирањето на Младинскиот центар. 

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...