HomeИнтервјуаИнтервју со градоначалникот на Росоман - Ѓорѓи Крстевски

Интервју со градоначалникот на Росоман – Ѓорѓи Крстевски

1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Росоман?

Во Општина Росоман спроведуваме реформи насочени кон создавање ефикасна, транспарентна и услужна администрација. Го менуваме начинот на функционирање од бирократски кон сервисен, каде граѓанинот е во центарот. Воведени се приемни денови, директна комуникација и побрзи процедури за решавање на проблемите. Паралелно работиме на дигитализација и модернизација, вклучително и нова веб-страница со цел сите информации, јавни повици и одлуки да бидат јавно достапни.

2. Што се предвидува и следува со Колективниот договор во општина Росоман и какви идеи имате за подобрување на работните услови?

Колективниот договор го гледаме како темел на стабилни и фер работни односи. Нашата цел е преку него да обезбедиме заштита на правата на вработените, но и подобрување на условите за работа. Работиме на подобрување на работната средина, опремата, безбедноста и организацијата, особено за теренските служби и комуналните работници. Сè ќе се прави преку дијалог со синдикатот и во рамки на финансиските можности на општината.

3. Дали ќе воведете Награда за најдобар административен службеник и најдобар млад административен службеник?

Да, имаме намера да воведеме систем на наградување и мотивација. Целта е да се вреднува трудот, професионалноста и односот кон граѓаните. Со јасни и транспарентни критериуми ќе се наградуваат оние кои се истакнуваат со квалитетна работа, иницијативност и тимски дух.

4. Дали е потребна реорганизација во општината и кои се вашите идеи?

Да, реорганизацијата е неопходна за да се обезбеди побрза и поквалитетна услуга. Таа значи подобра распределба на задачите, појасни надлежности, пократки процедури и подобра координација меѓу секторите. Целта не е намалување на вработени, туку подобро функционирање и поголема ефикасност.

5. Како ќе ја поттикнете спортската и хуманата страна на вработените?

Ќе поддржуваме активности што ја градат солидарноста и тимската култура, како учество во хуманитарни акции, еколошки активности и спортски настани. Сакаме општината да биде пример за општествена одговорност и заедништво.



6. Кои се вашите клучни проекти досега и што следува во мандатот?

Во изминатиот период работевме на финансиска стабилизација, инфраструктурни зафати, подобрување на уличното осветлување, сообраќајна сигнализација, поддршка за ученици и социјални категории и зајакнување на капацитетите на ЈПКД. Во мандатот што следи фокусот ќе биде на капитални инфраструктурни проекти, модернизација на комуналните услуги, поддршка на земјоделството и создавање услови за економски развој.

Во моментов Општина Росоман се реализира еден од најголемите инфраструктурни проекти во својата историја – целосно уредување на подрачјето кај „бавчите“ со атмосферска и фекална канализација, улици и електрика, проект финансиран од Владата, со вредност од околу 600.000 евра.

Во изминатиот период во Општина Росоман реализиравме конкретни и видливи мерки кои директно влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните.

Отворивме нови управни канцеларии на ЈПКД Росоман, со што за првпат овозможивме комуналните услуги и наплатата да бидат достапни во центарот на Росоман, поблиску до граѓаните.

Ги реализиравме исплатите за новороденчиња, при што поддршката од 12.000 денари ќе зголеми на 15.000 денари по дете наредната година , како директна инвестиција во младите семејства и демографската стабилност.

Ја завршивме и исплатата на штетите од мразот 2025 и градот 2024 година, при што се обработени и исплатени 1.129 налози во вкупен износ од 24.125.370 денари, кон физички и правни лица.

Во инфраструктурата започнавме со подобрување на сите локални патишта, поставивме легнати полицајци и хоризонтална сообраќајна сигнализација, со што ја зголемивме безбедноста во сообраќајот.

Интензивно работиме и на реконструкција на уличното осветлување, со замена на старите бандери со канделабри и нови енергетски ефикасни светилки.

Во тек е и проектот за целосна реконструкција на главната улица во село Манастирец, финансиран преку Министерството за транспорт и врски и Светска банка.


Планирана е изградба на нов водовод за Росоман, со што ќе се обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување.

Во соработка со Владата и донатори се планира и изградба на детска градинка во село Сирково, како и простор за пензионерите преку проект со Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

Во тек е и подготовка за реконструкција на стадионот, како дел од поддршката на спортот и младите.

7. Дали постои партиски реваншизам и отпуштања по политичка основа?

Не, во Општина Росоман нема и нема да има партиски реваншизам. Работиме по закон и професионални стандарди. Критериумот е работата и одговорноста, а не политичката припадност. Тоа е и гаранцијата дека ќе се почитуваат правата на сите вработени.

8. Каква ќе биде улогата на синдикатот?

Синдикатот ќе има вистинска улога како партнер во унапредување на работничките права. Преку редовен дијалог и соработка ќе се решаваат прашањата поврзани со условите за работа, безбедноста и заштитата на вработените.

9. Дали ќе има едукација и усовршување на вработените?

Да, ќе се овозможат обуки, семинари и размена на искуства со други општини и институции. Целта е администрацијата да биде стручно подготвена, модерна и ефикасна во служба на граѓаните.

10. Колку капитални проекти и нови работни места се предвидуваат?

Во 2026 година се планира засилена реализација на капитални инфраструктурни проекти и активна работа на привлекување домашни и странски инвестиции. Точните бројки ќе бидат објавени преку програмите и буџетот, но целта е преку инфраструктура и поддршка на стопанството да се создадат услови за нови работни места и одржлив развој на Општина Росоман.

Извор: Javnaadministracija.mk

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е...