HomeОпштиниГази Баба: Вработените во ЈКП Гази Баба добија нова опрема

Гази Баба: Вработените во ЈКП Гази Баба добија нова опрема

spot_img
spot_img

Продолжуваме со силни инвестиции во ЈКП Гази Баба, затоа што грижата за вработените значи подобра услуга за граѓаните.

Ги подобруваме условите за работа и вложуваме директно во безбедноста, достоинството и ефикасноста на секој вработен.

Извршена е набавка на нова, комплетна заштитна опрема за секој вработен, која вклучува:

– Маица со краток ракав;

– Работно одело;

– Заштитни чевли (ниски);

– Заштитни чизми;

– Појас за работа на висина;

– Јаже за позиционирање;

– Двојно јаже;

– Елек;

– Кабаница за дожд;

– Ракавици;

– Шлемови;

– Заштитни наочари.

Во изминатиот период во повеќе наврати ги зголемивме платите, а со тој позитивен тренд ќе продолжиме и во иднина – затоа што трудот мора да се вреднува.

ЈКП Гази Баба е сервис на граѓаните, а наша обврска е да создадеме безбедни, современи и достоинствени услови за работа, со цел поквалитетни и поефикасни услуги за сите.

Инвестираме во луѓето.

Инвестираме во безбедноста на вработените.

Инвестираме во иднината на Гази Баба.

Заедно градиме посилна и поодговорна општина!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте