HomeОпштиниДелчево: СООПШТЕНИЕ за активности за подобрување на јавното осветлување

Делчево: СООПШТЕНИЕ за активности за подобрување на јавното осветлување

spot_img
spot_img

Општина Делчево ја информира јавноста дека од понеделник, 9 февруари на сила стапува нов Распоред за одржување на јавното осветлување во кој се јасно пропишани деновите и населбите каде ќе постапуваат екипи од Општина Делчево за навремена замена на старите нефункционални светилки со нови. Целта на оваа нова организација на работата е надминување на досегашните проблеми поврзани со неефикасната замена на дотраените светилки што предизвикуваше и оправдан револт кај граѓаните и навремено и поефикасно решавање на проблемите поврзани со јавното осветлување во Делчево. Се очекува да се подобри видливоста, но и квалитетот на живот на граѓаните, поголема сигурност на граѓанинот и подобрување на безбедноста во сообраќајот во населбите.

Воедно, ги информираме граѓаните дека доколку имаат проблеми со јавното осветлување на улицата каде што живеат, можат да поднесат соодветно барање до Општина Делчево за замена на светилките.

Распоред за постапување за одржување на уличното осветлување

ДенПонеделникВторникСредаЧетвртокПеток
1.Милково Брдо НовоДелчево, старо Собрание,Пролет-секој вторник прва недела во месецотПрви Реон, Втори Реон, СРЦ-секоја среда прва недела во месецотИнтервентни работиСела:Нов Истевник,Стар Истевник,Разловци,Тработивиште –секој петок прва недела во месецот
2.Милково Брдо Звегорска река, Звегор, Габрово –секој вторник втора недела од месецотТрети Реон, Стар Расадник-секојa среда втора  недела во месецотИнтервентни работиСела:Град, Вирче, Стамер  -секој  петок втора недела во месецот
3.Милково Брдо НовоДелчево, старо Собрание, Пролет-секој вторник трета недела во месецотПрви Реон, Втори Реон, СРЦ-секоја среда трета недела во месецотИнтервентни работиСела: Чифлик, Басарица, Полето, Очипала, Студена ЧешмаСекој петок трета недела во месецот
4Милково Брдо Звегорска Река, Звегор,Габрово –секој вторник четврта  недела од месецотТрети Реон, Стар Расадник-секојa среда четврта  недела во месецотИнтервентни работиСела:Драмче,Селник,Бигла, Илиово, Турија и ВратиславциСекој петок четврта недела во месецот

Извор: Општина Делчево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте