HomeОпштиниЃорче Петров: ООУ „Мирче Ацев“ – домаќин на Еразмус+проектот „Играј за екологија“

Ѓорче Петров: ООУ „Мирче Ацев“ – домаќин на Еразмус+проектот „Играј за екологија“

ООУ „Мирче Ацев“ ја има улогата на домаќин на меѓународниот Еразмус+ проект „Играј за екологија“, кој обединува наставници од Македонија, Полска, Турција и Бугарија со заедничка цел – унапредување на еколошката свест кај учениците преку иновативни и едукативни игри.

Во рамки на проектот, учесниците интензивно соработуваат на креирање современи еколошки игри кои преку игра, креативност и тимска работа им помагаат на децата да развијат љубов и одговорност кон природата. Активностите се насочени кон поттикнување одржливи навики уште од најрана возраст, со уверување дека токму малите чекори водат кон големи промени.

Проектот претставува одличен пример за успешна меѓународна соработка, размена на искуства и примена на иновативни наставни методи во образованието. Воедно, тој ја зацврстува улогата на училиштето како современа образовна институција што активно вложува во знаење, екологија и одговорна иднина.

ООУ „Мирче Ацев“ останува посветено на градење генерации кои знаат, сакаат и се грижат за животната средина.

Извор: Општина Ѓорче Петров

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...