HomeОпштиниДелчево: Се реконструира ул „Кочо Рацин“

Делчево: Се реконструира ул „Кочо Рацин“

Во населбата Милково Брдо се реконструира уште една улица. Машините од работат на реконструкција на ул „Кочо Рацин“ во населбата. Согласно со проектот се реконструира подземната инсталација-реконструкција на старата водоводна мрежа и замена на старата инсталација со нова полиетиленска инсталација и реконструкција на коловозот на улицата во должина од 108 метри кој беше доста оштетен и предизвикуваше големи проблеми на жителите. Со овој зафат, жителите од улицата, но и сите кои гравитрираат во овој дел на Делчево, ќе добијат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и современ пристап до своите домови.

Градоначалникот Иван Гоцевски направи увид во текот на работите и истакна дека интензивно се работи на реконструкција и на изградба на сите планирани улици со средства од Владата на РСМ.

-Продолжуваме со градежните зафати за реконструкција и изградба на планираните улици. И со реализацијата на овој инфраструктурен проект одговараме на потребите на жителите и веруваме дека со изградба на современа патна инфраструктура значително ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Гоцевски.

Работите ги изведува ОСД Кирил- Штип, вредноста на проектот е 1,8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Владата на РСМ.

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МС: Ристовски – За две години реализирани и започнати 60 спортски...

0
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, на прес-конференција во Владата, даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт,...