HomeОпштиниБитола: Средба за промоција на младинскиот центар

Битола: Средба за промоција на младинскиот центар

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски имаше средба со директорите на основните училишта од Битола.

Средбата се одржа во просториите на Младинскиот центар со цел негова промоција како место што младите можат да се активираат, информираат и едуцираат во повеќе области.

Ова доаѓа по успешното промовирање пред средните училишта што се случи во текот на првото полугодие кога таква средба имаше со директорите на средните училишта, а фактот дека за 30 проценти се зголеми бројот на посети од страна на средношколци, сега фокусот е на основните училишта, односно ученици од 8 и 9 одделение.

Беше кажано дека освен програмите кои тука се реализираат од областа на уметноста, музиката, дигитализацијата и друго, училиштата дел од активностите на секциите можат да ги организираат и во овој простор.

Функционирањето на Младинскиот центар е можност младите преку неформално образование, да изучуваат и вештини кои што не се застапени во образовниот процес.

Младинскиот центар го формираше Општина Битола, го раководат трите невладини организации МКЦ, СФЕРА и ИМКА.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте