HomeОпштиниОхрид: ОХРИД ДЕЛ ОД САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

Охрид: ОХРИД ДЕЛ ОД САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

spot_img
spot_img

Општина Охрид до 22 февруари ја презентира својата богата туристичка понуда на 47-от Меѓународен саем за туризам во Белград, заедно со Министерството за култура и туризам, претставници на ХОТАМ и други туристички чинители.

‎На саемот се промовираат природните убавини, културното наследство, гастрономијата и целокупната туристичка понуда на Охрид, со цел привлекување нови туристи и зајакнување на соработката со туристички партнери од регионот.

‎Делегацијата на Општина Охрид е предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, кој оствари средби со туроператори, пријателски општини, медиумски претставници и со  амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески.

‎Во рамки на промоцијата вечерва ќе биде организирана и традиционалната „Охридска вечер“, на која ќе присуствуваат претставници на туристичкиот сектор од регионот.

‎Меѓународниот саем за туризам во Белград, годинава се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ и се смета за еден од најзначајните туристички настани на Балканот. Оваа година на белградскиот саем ќе се презентираат повеќе од 350 излагачи од 18 држави.

1000006401
1000006402
1000006403
1000006404
1000006405
1000006407
1000006409

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте