HomeОпштиниБитола: Се обновува возниот парк на ЈП “Комуналец” Битола

Битола: Се обновува возниот парк на ЈП “Комуналец” Битола

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат.

Набавени се две возила, едното за собирање комунален отпад, а другото за селекција на отпад. Капацитетот е од 8 м3 и на двете возила.

На средбата со градоначалникот Коњановски и претседателот на Советот Бојкоски, Степановски кажа дека и во текот на 2026 година дополнително ќе се обновува возниот парк.

Јавното претпријатие и во периодот пред нас, ќе работи на обезбедување и на друга механизација, со цел поефикасно извршување на својата дејност, а во интерес на граѓаните и градот во целина.

Извор: Општина Битола

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...