HomeОпштиниГевгелија: Подобрен пристапот до населеното место Моин со реконструкцијата на влезната улица

Гевгелија: Подобрен пристапот до населеното место Моин со реконструкцијата на влезната улица

Влезната улица во населеното место Моин е целосно реконструирана и пуштена во употреба, со што значително се подобрува пристапот и сообраќајната поврзаност во ова населено место. По повод завршувањето на градежните работи, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов изврши увид во реконструираната улица и се сретна со жителите на Моин.

Реконструкцијата е реализирана преку Проект во соработка со Министерството за транспорт, при што е извршена целосна обнова на влезната улица. Во рамки на зафатот беше отстранета старата бетонска подлога и извршено е асфалтирање на улицата и неколку улични краци, во вкупна должина од околу 550 метри и површина од 1.800 квадратни метри.

Извор: Општина Гевгелија

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте