Граѓаните и посетителите можат да се поврзат на бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад.
Wi–Fi мрежата е поставена во рамките на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), како дел од проектот EU4Digital.
Со овој проект Општината добива сеопфатен пакет што опфаќа опрема, инсталација, поврзување и одржување на Wi-Fi мрежа, обезбедувајќи и непосреден ефект и долгорочна одржливост.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ државата и Западен Балкан. Куманово е една од општините кои ќе добијат WiFi4WB мрежа по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7000 локации низ државите- членки на Европската Унија.
Со оваа поддршка Општина Куманово продолжува да ги унапредува јавните услуги за граѓаните и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

Извор: Општина Куманово
































