HomeОпштиниИлинден: Започнуваме со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Илинден: Започнуваме со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што деновиве започна реконструкцијата на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Улицата е во вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри и изградба на тротоари со широчина од по 1,5 метри, со што значително ќе се подобри безбедноста и функционалноста на сообраќајот за сите учесници.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи и истакна дека со реализација на оваа улица, ќе бидат комплетно завршени главните пристапни патишта во м.в Јака, што претставува исполнување на нашите заложби за уредување и модернизација на локалната патна инфраструктура во м.в Јака.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во развојот на инфраструктурата во сите населени места, со цел обезбедување поквалитетни, побезбедни и современи услови за живот за сите граѓани.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...