HomeОпштиниБитола: Градоначалникот Коњановски на празнична баклава во битолското муфтиство

Битола: Градоначалникот Коњановски на празнична баклава во битолското муфтиство

spot_img
spot_img

По повод Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски го посети битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими на празнична баклава.

Коњановски изрази благодарност за поканата и уште едаш го чeститаше празникот.

Во срдечен разговор се зборуваше за одбележувањето на празникот, како и за  состојбите во градот, проектите кои се реализираат.

Битолското муфтиство и годинава ја продолжи својата традиција по повод празник Рамазан Бајрам пред просториите во старата чаршија, посетителите беа послужени со баклава.

Измината недела градоначалникот на Битола ја организираше традиционалната  ифтарска вечерва.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте